Достапни линкови

Турција нема да преземе воена операција во Ирак


I

I

„Турција нема да преземе воена операција во Ирак против припадниците на Исламска држава“, изјави денеска турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз.

Тој посочи дека Турција не учествува во американските воздушни удари врз екстремистите во близина на Ербил, главниот град на Ирачки Курдистан.

Во изјавата Јилмаз вели дека Турција досега „не доставила каква било помош за САД“. Високи турски претставници негираа дека американската воено-воздушна база Инџирллик во Турција се користела за нападите во Ирак.

XS
SM
MD
LG