Достапни линкови

Забрането политичкото крило на Муслиманското братство


Египетскиот суд издаде наредба за расформирање на Партијата за слобода и правда(ПСП), која е политичко крило на забранетото Муслиманско братство. Врховниот административен суд во Каиро ја донесе одлуката по неколкуте тужби во кои ПСП се обвинува за нелегални активности. Судот лани го забрани Муслиманското братство, но партијата не беше спомената, па постоеше можност да ѝ биде дозволено да учествува на парламентарните избори. Со денешната пресуда, на Муслиманското братство и формално му се забранува да учествува во изборниот процес. Пресудата е конечна и без право на жалба. Египетските власти спроведоа операција за задушување на Муслиманското братство во јули 2013 година по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Организацијата постојано негира какви било врски со насилства и ги обвинува воените власти за угнетување.

XS
SM
MD
LG