Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Пакистан


Најмалку четворица луѓе загинаа, а десетици се повредени во судирите меѓу полицијата и поддржувачите на антивладиниот свештеник Тахир ул-Кадри во неколку градови во Пакистан, соопштуваат полицијата и очевидци на судирите. Насилствата кои почнаа вчера ги зголемуваат тензиите во земјата во пресрет на утрешниот голем протестен собир на повик на Кадри во Лахоре. Свештеникот соопшти дека седуммина негови поддржувачи биле убиени во судирите, но тоа тврдење не може независно да се потврди. Во Лахоре денеска има зголемено полициско присуство, а поставени се и контролни пунктови низ градот. Кадри повика на протест поради крвавите судири меѓу полицијата и неговите поддржувачи пред два месеци. Тој тврди дека властите уапсиле повеќе од 500 негови поддржувачи.

XS
SM
MD
LG