Достапни линкови

Обама - Акциите во Ирак се исправна работа


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека актуелната американска хуманитарна и воена акција во Ирак е исправна работа. Тој во своето неделно обраќање, вели дека американските војници нема да се вратат да се борат во Ирак, но дека Америка ќе спречи терористите да имаа постојано безбедно засолниште.

Американските сили доставија храна и вода до илјадници Ирачани кои се кријат во планините од исламски милитанти. А претходно, започнаа втор воздушен напад врз цели на исламските милитанти во северен Ирак.


Обама претходно изјави дека американските воздушни напади врз Ирак се за да се заштити воениот и дипломатски персонал и да се спречи потенцијалниот геноцид против религиозните малцинства.

XS
SM
MD
LG