Достапни линкови

Продолжува ракетирања меѓу Израел и милитантите во Газа


Израел изведе повеќе од 20 воздушни напади во Газа од почетокот на денов, а милитанти од Газа испукале неколку ракети кон Израел. Официјални лица и сведоци од палестинска страна, велат дека пет лица загинале, а 30 се повредени во нападите во текот на изминатите 24 часа.

Израелската војската соопшти дека од полноќ нападнале повеќе од 20 локации во Газа, без наведување на цели. Воениот портпарол изјави дека милитантите од Газа испукале четири ракети кон јужниот дел на Израел, на 9 август, но не предизвикале штета.

Примирјето од 72 часа истече на 8 август, без да се создадат условите за обновување на договорот за прекин на огнот. Претставници од Газа велат дека во нападите загинале 1.880 Палестинци, повеќето од нив цивили. А Израел соопшти дека на нивна страна загинале 64 војници и тројца цивили.

XS
SM
MD
LG