Достапни линкови

Отстратени последните барикади во центарот на Киев


Градски работници и активисти денеска ги отстранија и последните барикадите кои ја блокираа главната улица во Киев. Барикадите беа поставени таму минатата година по почетокот на протестите кои доведоа до промена на власта во Украина.

Демонстрантите градеа барикадите на плоштадот за да ги заштитат шаторите во кои беа сместени за време на протестите. Но јадрото на демонстрантите остана на плоштадот сомневајќи се во новите власти и покрај тоа што претседателот Виктор Јанукович ја напуштија земјата во февруари , а нови луѓе дојдоа на власт. Некои од шаторите се уште се наоѓаат на плоштадот и денеска. Но, градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кој беше еден од водачите на протестите против Јанукович, вели дека е постигнат договор со демонстрантите да се отстранат барикадите за да се дозволи слободно движење низ центарот на Киев, пренесоа украинските медиуми.

XS
SM
MD
LG