Достапни линкови

Украински војници обвинети во Русија за воени злосторства


Руските власти соопштија дека уапсиле 5 украински војници кои се осомничени дека извршиле воени злосторства во источна Украина. Тие се дел од околу 400 војници кои за време на борбите влегоа во територијата на Русија. Повеќето од нив се вратија во Украина.

Според рускиот истражувачки комитет, тие имаат докази оти осомничените користеле тешко оружје, при што повредиле и убиле најмалку десет цивили и уништиле 20 домови во Луханск, каде проруските сепаратисти се борат со украинските војници.

XS
SM
MD
LG