Достапни линкови

logo-print

Киев со санкции за руски државјани и компании во Украина


Украинскиот премиер Аресениј Јацењук

Украинскиот премиер Аресениј Јацењук

Украинскиот премиер Аресениј Јацењук изјави дека владата предложила да бидат спроведени санкции врз 172 жители од Русија и други земји и 65 руски компании кои го финансираат „тероризмот“ во Украина. Според него, препораката ќе биде разгледана на Советот за национална безбедност и одбрана и изрази очекување дека Парламентот наредната недела ќе го усвои предлогот.

Јацењук наведе дека санкциите ќе вклучуваат замрзнување на имоти, забрана за транзит на сите типови на стоки низ Украина и повлекување на бизнис лиценци.

XS
SM
MD
LG