Достапни линкови

Во Македонија нема закана од ебола


Министерството за здравство во врска соопшти денеска дека Македонија спаѓа во групата земји кои немаат потенцијални или потврдени случаи на ебола и која не се граничи со земји во кои се регистрирани такви случаи. Соопштението на министерството доаѓа по одлуката на Светската здравствена организација за преземање вонредни напори за запирање на ширењето на еболата во светски рамки.

За групата земји во која спаѓа Македонија, како што се наведува, СЗО не препорачува забрана на меѓународни патувања, освен да се почитуваат стандардните препораки за патување во земјите каде веќе има случаи на ебола.

XS
SM
MD
LG