Достапни линкови

Борби во источна Украина, 19 жртви


Најмалку 19 лица загинале, а 97 биле повредени во борбите помеѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа. Портпаролот на украинскиот совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко изјави дека борбите се случиле во близина на руската граница во регионот Луханск. Украинските власти ја обвинија Русија дека ги снабдува со тешко оружје сепаратистите.

XS
SM
MD
LG