Достапни линкови

logo-print

ОН загрижени за етничките заедници во северен Ирак


Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај

Кабинетот на Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај изрази длабока вознемиреност од ситуацијата во која се наоѓа заедницата на јазидите, христијаните и туркмените во северен Ирак. Според соопштението, нападите против цивилите поради нивната етничка позадина или религија може да преставува кривично дело против човештвото.

Американскиот претседател Барак Обама претходно изјави дека ја овластил армијата да изврши воздушни напади во Ирак против исламските милитанти, доколку е потребно, за да ги заштити воениот и дипломатски персонал во северниот град Ирбил.

XS
SM
MD
LG