Достапни линкови

Дете загинало во израелските напади врз Газа


Едно десет годишно дете загинало, а шест лица биле повредени во израелски воздушен напад во близина на џамија во Појасот Газа. Израелската армија одговори со воздушни напади врз цели во Појасот Газа, откако милитанти истрелаа ракети кон Израел, соопшти портпарол на израелската армија. Тој изјави дека обновените ракетни напади на терористите врз Израел се неприфатливи, а одлуката на Хамас да го прекрши примирјето ќе биде казнета.

XS
SM
MD
LG