Достапни линкови

Светската здравствена организација ја прогласи еболата за ургентен проблем


Светската здравствена организација ја прогласи еболата, која појави во западна Африка, за итен меѓународен здравствен проблем. Според денешната објава на ова тело во Женева, потребни се итни координирани мерки за запирање на ширењето на овој вирус. Еболата најнапред се појави во март во Гвинеја, а се прошири во Сиера Леоне, Либерија и Нигерија, а досега починаа околу илјада луѓе.

XS
SM
MD
LG