Достапни линкови

Русија ќе ги замени производите од САД и ЕУ со јужноамерикански


Руски официјални лица направиле планови со јужноамериканските земји да го зголемат увозот на храна како замена на оние кои ќе ги загубат поради забраната на Москва за прехранбени производи произведени во САД, Австралија, Канада, Норвешка и земјите на ЕУ. Андрес Реболедо, шеф на трговска организација на Чиле изјави дека тој и претставници од други латиноамерикански амбасади се сретнале со руските официјални претставници за да разговараат за зголемување на извозот на храна. Санкциите објавени од страна на рускиот премиер Дмитриј Медведев на 7 август, кои се однесуваат на забрана на увоз на овошје, зеленчук, месо, риба и млечни производи од околу 32 земји, дојде само неколку дена откако Москва ги потпиша договорите со неколку живинарски компании и произведители на свинско месо од Бразил. Ембаргото на храна на Русија е одговор на западните санкции кон Москва, поради наводната поддршка на Русија за сепаратистите во источна Украина. Реболедо исто така соопшти дека руските официјални власти се обврзале да обезбедат листа на производи за кои се надеваат дека би можеле да ги добијат од Чиле.

XS
SM
MD
LG