Достапни линкови

Обама одобри воздушни напади во Ирак, но само ако е потребно


Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека ја овластил армијата да изврши воздушни напади во Ирак против исламските милитанти, ако е потребно, за да ги заштити воениот и дипломатски персонал во северниот град Ирбил. Во врска со десетиците илјади заробени од страна на милитантите на Исламската држава, Обама рече дека "може да постапуваат внимателно и одговорно за да се спречи потенцијален акт на геноцид." Тој рече дека дава овластување за воздушни напади, но само доколку е тоа потребно, а со цел да им помогне на американските сили во Ирак, кои се борат да ја пробијат опсадата и да ги заштитат заробените цивили таму. Обама изјави дека американските авиони пренесуваат хуманитарна помош во Језидис, од кои илјадници се без храна и вода на планината Синџар опкружена од исламските борци. Десетици илјади жители на Језидис и христијаните ги напуштиле своите домови поради напредувањето на исламските милитанти.

XS
SM
MD
LG