Достапни линкови

logo-print

Прекин на тридневното примирје меѓу Израел и Хамас


Израелската армија соопшти дека ракети истрелани од појасот Газа паднале на територијата на Израел, со што е нарушен тридневниот прекин на огнот. Официјални лица изјавија дека немало повредени предизвикани од ракетните напади. До ракетниот оган доаѓа само неколку часа пред истекот на примирјето во 8 часот по локално време. Во меѓувреме, израелски и палестински официјални лица водат разговори во Каиро во насока на продолжување на прекинот на огнот. Израел соопшти дека сака да го продолжи на "неодредено време" тридневното примирје, но официјални лица од Хамас велат дека ќе се согласат на тоа, само ако Израел ја подигне блокадата на појасот Газа и го отвори пристаништето. Палестински официјални лица го обвинија Израел за блокада во преговорите. Портпаролот на военото крило на Хамас, предупреди дека ќе продолжат со борбата против Израел, ако нивните барања не бидат исполнети.

XS
SM
MD
LG