Достапни линкови

САД: Руските санкции се занемарливи



Висок американски официјален претставник оцени дека влијанието на руските санкции на западните земји ќе биде занемарливо, додека пак западните санкции врз Русија ќе предизвикаат слабеење на руското стопанство. Ова следува откако руската влада воведе ембарго за голем број прехранбени производи за ЕУ и САД како одговор на западните санкци кон Русија. Претседателот на Советот на економски советници во Белата Куќа, Џејсон Фурман изјави дека последиците од руското ембарго ќе бидат занемарливи, додека санкциите на Западот до руските поединци, компании и економскиот сектор веќе ги растерале инвеститорите од Русија, со што се предизвика слабеење на руската економија.

XS
SM
MD
LG