Достапни линкови

logo-print

Конструктивна дискусија за иранската нуклеарна програма


Американскиот Стејт департмент соопшти дека американски и ирански официјални лица одржале "конструктивна дискусија" за иранската контроверзна нуклеарна програма со американскиот заменик-државен секретар Бил Бурнс и иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арачи ово Женева. Нема детали за нивната дискусија. Бурнс ја предводеше американската делегација во која беа вклучени државен потсекретар Венди Шерман и Џејк Саливан, кој е советник за национална безбедност на заменик-претседател Џо Бајден. На 7 август, Стејт департментот и ЕУ претставници соопштија дека дека шестте големи светски сили - Британија, Франција, Германија, САД, Русија и Кина , заедно со ЕУ, ќе се сретнат со Иран пред Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк. Вашингтон и некои од неговите сојузници се сомневаат дека Иран ја користи својата нуклеарна програма како параван за да се развие атомско оружје, обвинение пак кое Иран го негира.

XS
SM
MD
LG