Достапни линкови

logo-print

Рaсмусен вети поддршка за Украина


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вети поддршка за Украина по руската "агресија" и ја повика Москва да ги повлече своите војници од границата. Говорејќи за време на посетата на Киев, тој ја повика Русија "на чекор назад од границата, како и да не ги користат мировните како изговор за воени одлуки." Тој рече дека Русија, наместо да го разгорува конфликтот, продолжува да ја дестабилизира Украина и дека нејзината поддршка за про-руски сепаратисти кои се борат со владините сили во источниот дел расте "во обем и софистицираност." . На 6 август НАТО соопшти дека руските сили пратиле околу 20 000 војници во близина на украинската граница. Алијансата се соменва дека Москва би можела да ги користи како изговор за хуманитарни или мировни мисии за да ги испрати во Украина.

XS
SM
MD
LG