Достапни линкови

Нови жртви во борбите меѓу пакистанските бунтовници и војската


Пакистанските сепаратисти убиле двајца војници по напад на конвој на безбедносните сили во југозападниот дел на земјата. Нападот се случил на вчера во областа Тумп, на околу 1.100 километри југозападно од Куета, главниот град на провинцијата Балочистан. Пакистанските официјални лица изјавија дека 10 бунтовници, исто така, беа убиени во престрелките, додавајќи дека неколку бунтовници и двајца војници биле повредени. Во меѓувреме, бомба експлодирала во Чаман, во близина на границата со Авганистан, додека поминувало полициско комбе. Во експлозијата биле повредени 12 лица, најмногу минувачите. Балочистан е голем регион кој се граничи со Авганистан и Иран и е полн со природни ресурси, но е и е место на долготрајниот сепаратистички конфликтот во кој загинаа илјадници луѓе.

XS
SM
MD
LG