Достапни линкови

Измена на трасата на „Јужен поток“ во Русија


Директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ изјави денеска дека до крајот на годината во земјата ќе бидат поставени првите 30 километри од гасоводот „Јужен поток“. Според него се оди според планот, но ќе има измена на трасата во Војводина, бидејќи гасоводот наместо кон Италија ќе оди кон Баумгартен во Австрија, каде се наоѓа најголемото складиште на гас во Европа. Тој додаде дека не постои ниту една причина „Јужен поток“, како енергетски објект, да не биде изграден во Србија, како ни во другите земји низ кои треба да минува.

XS
SM
MD
LG