Достапни линкови

Папата бара заштита за христијаните во Ирак


Папата Франциско

Папата Франциско

Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да преземе чекори за заштита на христијаните кои се протерани од нивните домови во севрен Ирак и да им се обезбеди хуманитарна помош. Милитанти од Исламската држава денеска го освоиле најголемиот ирачки христијански град Каракош откако претходно од таму се повлекле курдските борци.

Во курдскиот град Киркук во експлозија на две автомобил бомби загинале шест лица во близина на џамија каде биле засолнети лицата кои биле раселени од нападите во градовите во близина.

XS
SM
MD
LG