Достапни линкови

logo-print

Весниците за вирусите и тепачките на стадионите


Kyrgyzstan - Kurman Ait in Osh. The ceremony of the sacrifice of a camel. Distribution of gifts (meat, food) to poor families. Osh, October 15, 2013

Kyrgyzstan - Kurman Ait in Osh. The ceremony of the sacrifice of a camel. Distribution of gifts (meat, food) to poor families. Osh, October 15, 2013

Весниците пишуваат за веста за изворот на листеријата, фудбалските навивачи, анализи на актуелната политичка состојба.

Вирусите се актуелни секое лето, но се чини ова особено. На надлежните им требаа десетина дена да го откријат можниот извор на листеријата која веќе однесе 4 животи: чадениот свински врат на кумановскиот производител „Екстрамеин“. Оваа вест ја објавија сите домашни медиуми. Исто како и за стравот од смртоносната ебола која дојде и до Балканот. „И на македонските аеродроми прегледи за ебола“ - е еден од насловите со кои информира Утрински.

На надлежните им требаа десетина дена да го откријат можниот извор на листеријата која веќе однесе 4 животи: чадениот свински врат на кумановскиот производител „Екстрамеин“.

Вечер пишува за „Крваво првенство“ по стартот на новата фудбалска сезона во земјава што резултираше со тепачка меѓу „Комитите“ и „Чкембарите“ во Битола, експлозија на шок-бомба во раката на еден навивач, повеќе кривични пријави и со осуммина повредени.

Илустрација - Навивачи.

Илустрација - Навивачи.

Меѓу вирусите и тепачките на стадионите - во овие летни денови место си наоѓа и политиката. Слободен печат со компарации со соседите: „Во Бугарија може, а кај нас не може техничка влада - четврта по ред техничка влада вo транзицијата ќе се обиде да организира фер и демократски избори во Бугарија за да се надмине политичката криза. Во Македонија, премиерот Груевски панично се плаши од вакво решение“. „Заев не сака посредници со Груевски - ВМРО-ДПМНЕ избра тактика на воздржаност, додека опозицијата дава идеи за одмрзнување на дијалогот„ пишува Утрински.

Крваво првенство по стартот на новата фудбалска сезона во земјава што резултираше со тепачка меѓу „Комитите“ и „Чкембарите“ во Битола, експлозија на шок-бомба во раката на еден навивач, повеќе кривични пријави и со осуммина повредени.

Дневник ја објавува изјавата-коментар на Груевски по реакцијата на СДСМ на неговиот говор на Пелинце на 2 Август: „СДСМ ѝ прави штета на државата со излегувањето од парламентот заради свои измислени причини“. Утрински, а пропо Пелинце, објавува две грозни фотографии од валканите тоалети на тој локалитет со коментар дека „По нехигиената покажуваме дека не сме исполниле барем еден од критериумите за ЕУ“.

По критиките на претседателот Иванов за ДУИ во интервјуто за Дневник, истиот весник ја објавува реакцијата на Али Ахмети: „Иванов не може да одлучува за Албанците, зашто тие не гласаа за него“.

Вечер со две оптимистички вести: „Извозот расте шести месец по ред“ и „Додека некои земји се пред банкрот, Македонија финансиски е на здрави нозе“. Нова Македонија со надворешно-политичка тема, но поврзана со нас: „НАТО крои нова стратегија, во која Македонија најверојатно е составен дел од приказната, ако се суди по состаноците викендот во Скопје на новиот министер за одбрана, Јолевски“.

Дневник ја објавува изјавата на полскиот министер за земјоделие кој вели: „Путин го вовлекува Западен Балкан во трговска војна и регионот повторно може да биде колатерална штета“.

Додека западните политичари не кријат каде ќе одат на одмор за време на летото, македонските се кријат кога летуваат. Сметаат дека сликата дека се скромни и дека се подготвени да го жртвуваат одморот со семејството во интерес на државата ќе им донесе повеќе политички поени, ги пренесува Утрински мислењата на експертите за Пи-Ар, илустрирани со фотограии на Обама и Меркел како уживаат во летноодморските благодати.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG