Достапни линкови

Сноуден со тригодишна дозвола за престој во Русија


Едвард Сноуден

Едвард Сноуден

Американскиот разузнавач Едвард Сноуден доби дозвола за престој во Русија во наредните три години. Неговиот адвокат, Анатоли Кучерена изјави дека дозволата, која стапила на сила на 1 август му овозможува на Сноуден слободно да се движи и да патува во странство.

Сноуден доби привремен азил во Русија во август минатата година, кој заврши на 31 јули. Минатата година Сноуден, кој работеше за американската агенција за национална безбедност откри детали за програмите за прислушкување на земјата.

XS
SM
MD
LG