Достапни линкови

logo-print

Скопје живее, општините преживуваат


Во Скопје се концентрирани повеќе од 70 отсто од вкупните капиталните расходи во земјата. Во главниот град живее 25 проценти од целото население во државата и тие придонесуваат со околу 46 проценти во БДП-то, покажува најновиот извештај на Светска банка за јавните финансии во Единиците на локалната самоуправа во Западен Балкан.

Нема рамномерен развој на општините, најмногу пари се трошат за Скопје. Во Скопје се концентрирани повеќе од 70 отсто од вкупните капиталните расходи во земјата. Исто така половина економија е во Скопје. Во главниот град живее 25 проценти од целото население во државата и тие придонесуваат со околу 46 проценти во БДП.

Не постои фискален капацитет за било какви инвестиции, за развојни програми, за локален економски развој, сето она што требаше да им до даде децентрализацијата на општините.

Локалните трошоци се зголемени во Македонија од 4,3 проценти од БДП во 2008 година на 5,6 проценти во 2011 година, но сепак трошоците, по глава на жител на локалната самоуправа во Западен Балкан е на ниско ниво.

Ова се само дел од забелешките нотирани во најновиот извештај на Светска банка за јавните финансии во Единиците на локалната самоуправа во Западен Балкан. Во извештајот се наведува дека најголем дел од парите на општините во овој регион одат за јавни услуги, освен во Косово и во Македонија, каде општините најмногу пари трошат за подмирување на сметките од образованието. Во двете земји, општините имаат целосна одговорност за основното и средното образование, вклучувајќи ги и платите на наставниците. Па така локалните трошоци на општините во Македонија изнесува 48,7 проценти, а 42,2 проценти во Косово.

Сепак сметам дека треба да има зголемување малку на тој процент на повраток на ДДВ бидејќи ние како помали општини немаме поголеми извори на средства за финансирање.

Повеќе од 50 проценти од парите на општините во земјата се од грантови и трансфери. Слично е и во Албанија и Косово. За разлика од нив во Црна Гора и во Хрватска има поделени даноци, по половина од парите им се од даноци.

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, вели дека нема фискална децентрализација во Македонија. Тој, како и многу други градоначалници, вели дека процентот кој од го добиваат од даноци е многу низок и бара да се зголеми, но вели дека досега немаат слух од другата страна.

„Самиот процент на одвојување од ДДВ и од персонален данок некаде околу 4 проценти, со тој фонд на пари општината има само средства за тековно оддржување на трошоците, а тоа се плати, енергенси и сето она што го чини работењето на општината. Не постои фискален капацитет за било какви инвестиции, за развојни програми, за локален економски развој, сето она што требаше да им до даде децентрализацијата на општините“, вели Дамјановски.

Градоначалникот на Општина Кривогаштани, Тони Златкоски, вели дека како и сите помали општини и тие имаат финансиски проблеми, но дека тековно ги решаваат. Еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат се старите долгови.

„Сепак сметам дека треба да има зголемување малку на тој процент на повраток на ДДВ бидејќи ние како помали општини немаме поголеми извори на средства за финансирање, тука ни се даноците на имот, фирмарини и одредени други помали финансиски извори. За тие проблеми е разговарано и во ЗЕЛС и побаравме тој процент да биде зголемен“, вели Златкоски.

Тој вели дека на доста проекти имаат помош од дотации од странски фондации или, пак, од владата.

Дека општините кубурат со пари се покажа и на изминатите локални избори, кога четиринаесет општини побараа помош од државата за да спроведат избори. Тогаш преставници на општините изјавуваа дека немаат пари за плати, а камоли за избори.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG