Достапни линкови

Поплави на Балканот, по втор пат годинава


Изобилни дождови предизвикаа поплави во големи делови на Балканот за втор пат во оваа година. Во денешните извештаи се наведува дека еден 65 годишен маж се удавил откако водата го поплавила неговиот дом во Бања Ковиљача во западниот дел на Србија. Во Бања Лука едно лице се води како исчезнато откако неговиот автомобил бил однесен од надојдените води. Според извештаите, илјадници домови се поплавени, а спасувачките екипи се уште се обидувале да дојдат до најпогдeните подрачја. Во поплавите што во мај ги зафати истите региони загинаа десетина луѓе и беа направени огромни материјални штети.

XS
SM
MD
LG