Достапни линкови

Лидери на Црвените Кмери осудени доживотно за злосторство против човештвото


Двајца поранешни лидери на Комунистичката партија на Камбоџа - позната како на Црвените Кмери - беа прогласени за виновни за злосторства против човештвото и за други кривични дела и доживотна затворска казна. Судот во Камбоџа поддржан од ООН, ги објави пресудите против Киу Шамфан, 83-годишниот поранешен претседател на режимот на државата и Нуон Чеа, нејзиниот 88-годишен главен идеолог, на 7 август во главниот град Пном Пен.

Ова се првите казни кои ги добиле лидерите на Црвените кмери, кои се сметаат за одговорни за геноцид на меѓу 1,4 и 2,2 милиони луѓе.

На пресудата може да се поднесе жалба, но судијата рече, дека поради "тежината на кривичните дела", осудените ќе останат во притвор.

XS
SM
MD
LG