Достапни линкови

Украинските војници во Русија започнаа штрајк со глад


Командантот на украинскиот војници кои влегоа во Русија рече дека многу од нив започналештрајк со глад во знак на протест за нивната состојба. Андриј Хрушченко, командант на 72- та механизирана бригада на украинската армија изјави дека одлуката е донесена во камп предвиден за војници на руските власти во близина на граничниот премин Гуково. Не е јасно колку војници се на штрајк со глад. Ако извештаите за бројот на украинскиот војници кои влегоа во Русија и се вратија во Украина се точни, постојат околу 66 украински војници или припадници на граничната полиција кои се сè уште во Русија. Хрушченко рече дека федерална служба за безбедност се обидела да ги регрутира Украинците. Тој рече дека неговите војници се "бореле храбро" два месеци и постигнале "нормални резултати" пред да бидат принудени од страна на про-руската сепаратисти да избегаат во Русија.

XS
SM
MD
LG