Достапни линкови

Смртоносен автомобил бомба погоди шиитска населба во Багдад


Серија на автомобил-бомби експлодираа во шиитски населби во Багдад , при што загинаа и беа повредени десетици луѓе. Најсмртоносниот напад бил од двојна автомобил-бомба во шопинг областа Садр Сити, каде што полицијата изјави дека најмалку 21 лице загинаа, а 34 беа повредени. Во меѓувреме, портпаролот на Владата соопшти дека во воздушниот напад на ирачката Влада врз шеријатскиот суд формиран од страна на исламските милитанти во северниот ирачки град Мосул загинале 60 милитанти. Официјални лица и очевидци, претходно изјавија дека во воздушниот напад биле убиени 50 луѓе во импровизираниот затвор формиран од страна на Исламската Држава.

XS
SM
MD
LG