Достапни линкови

logo-print

Обама рече дека на Украина не и треба американска воена помош


Американскиот претседател Барак Обама рече дека на Украина не и е потребна дополнителна воена помош во борбата против про-руските сепаратисти, но инвазија од Русија ќе поттикне "различен сет на прашања." Изјавата на Обама доаѓа откако НАТО соопшти дека Москва ќе ги зголеми своите сили долж границата со источна Украина до 20.000 војници. Обама изјави дека Украина се бори со сепаратисти ", кои не можат да и одговорат на украинската армија." Украински официјални лица побараа од Вашингтон да обезбеди помош за Киев.

XS
SM
MD
LG