Достапни линкови

Руски заменик министер разрешен поради критики на „глупавите“ политики


Рускиот заменик-министер за економија беше разрешен откако ги искритикува "глупавите" владини политики во онлајн статус. Сергеј Белијаков подоцна се извини во статусот на неговиот личен Фејсбук профил за неговиот коментар во врска со одлуката на владата да се пренасочат средствата од пензиските фондови. Белијаков рече дека тоа е негово лично мислење. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави пред неколку месеци дека парите од пензискиот фонд биле користени за кризни мерки и за развој на Кримскиот Полуостров.

XS
SM
MD
LG