Достапни линкови

Критики за Ердоган поради антиерменска изјава


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предизвика реакции откако употреби според критичарите расистичка клевета против Ерменците во телевизиско интервју. Во интервјуто Ердоган се пожали дека опозицијата вршела клеветничка кампања тврдејќи дека тој бил од грузиско или ерменско потекло. "Тие ме нарекоа Грузиец. Простете за ова што го зборувам, но тие рекоа дури и погрда работa. Ме нарекоа Ерменец", рече Ердоган. Неговиот коментар доаѓа само неколку дена пред претседателските избори на 10 август, на кои Ердоган се очекува да победи. Коментарот го привлече гневот во медиумите, додека опозициски пратеник поднесе тужба против Ердоган, обвинувајќи го за поттикнување расна омраза.

XS
SM
MD
LG