Достапни линкови

Откриен изворот на листерија во свински врат


Претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, Звонко Миленковиќ изјави дека во мостра од вакумиран сечкан свински врат, бил докажан генетски профил на изолираната листерија кој е со 98 процентна сличност со генотипот кај осуммината заболени од листерија од кои четири починаа.

Според него, надлежните институции во земјата сега имаат задача преку епидемиолошки постапувања да преземат натамошни мерки за следење на ланецот на појава на заболувањето. Свинскиот врат бил произведен од фирмата „Екстра меин“ од Куманово.

XS
SM
MD
LG