Достапни линкови

logo-print

Ердоган критикуван за расистичка навреда на Ерменците


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предизвика негодување во јавноста, откако според критичарите, употребил расистичка навреда за Ерменците во едно телевиски интервју. Ердоган за време на интервјуто се пожалил дека опозицијата спроведува кампања за негова клевета со тоа што тврди дека тој има грузиски и ерменски потомци.

Тој изјави дека го нарекувале Грузиец, но уште погрдо за него било тоа што го нарекувале и Ерменец. Коментарот предизвика гнев во медиумите, а еден опозициски адвокат поднесе тужба против него, обвинувајќи го за потикнување расна омраза.

XS
SM
MD
LG