Достапни линкови

Повторно поплави во БиХ


Во повеќето општини во БиХ кои беа погодени од мајските катастрофални поплави, повторно се излеаја помали реки и потоци, поради поројните дождови кои траат со денови. Во општината Завидовиќ е донесена одлука за прогласување состојба на природна катастрофа. Во Тузланскиот кантон биле поплавени околу 100 станбени објекти, а реката Турија однела и еден пешачки мост.

Најкритична е ситуацијата во Шпионице, каде се поплавени десетици станбени објекти, а во текот на ноќта е извршена и евакуација на жителите од неколку домови. И на подрачјето на Бања Лука се излеале реките и се активирало лизгање на земјиштето. Во Сребреник синоќа биле поплавени речиси 300 објекти, оштетени 26 мостови, три образовни институции и три воденици.

XS
SM
MD
LG