Достапни линкови

Туск предупредува на руска воена интервенција во Украина


Полскиот премиер Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека добил информации кои сугерираат дека во последните неколку часа заканата за руска воена интервенција во Украина е поголема отколку пред неколку денови. Коментарот на Туск доаѓа по извештаите дека руските трупи се собираат на границата во источна Украина.

Русија соопшти дека ќе изврши воени вежби во централниот и западниот дел на земјата, како и во реоните покрај границата со Украина. Вежбите вклучуваат мобилизација на повеќе од 100 воени авиони и хеликоптери.

XS
SM
MD
LG