Достапни линкови

Авганистански полицаец убил 6-мина колеги


Авганистански полицаец убил 6-мина негови колеги во јужната провинција Урузган и потоа побегнал со полициско возило. Се верува дека напаѓачот имал врски со талибанците.

До нападот доаѓа само еден ден откако во сличен напад во една воена база западно од Кабул, беше убиен американски генерал, а 15-мина војници беа ранети. Меѓу ранетите бил и еден германски генерал.

XS
SM
MD
LG