Достапни линкови

Субвенциите помагаат, но и демотивираат


Архивска фотографија: Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.

Архивска фотографија: Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.

Недостиг на амбиции или на сопствени сили е причината поради која што туристичките работници и земјоделците главно се задоволни со субвенциите и на тоа ја темелат реализацијата на својата работа.

Недостиг на амбиции или на сопствени сили е причината поради која што туристичките работници и земјоделците воглавно се задоволни со субвенциите од државата и на тоа ја темелат реализацијата на својата работа.

Државата стимулира такви туристички агенции кои ќе можат да донесат туристи, значи поентата е да се донесат, а не да се испратат туристите.

„Активноста на туристичките оператори кај нас е многу на ниско ниво, значи многу малку имаме „incоming“, повеќето се „оut going“ од турите што се прават. Државата стимулира такви туристички агенции кои ќе можат да донесат туристи, значи поентата е да се донесат, а не да се испратат туристите“, вели професорот Науме Мариноски од факултетот за туризам во Охрид.

Најголем проблем кај нашето земјоделство генерално е оситниот посед, кајшто нема рационално користење на механизацијата и на средствата за производство. А, штом не можете да воведете современа технологија, не можете да имате високи приноси, конкурентни принос.

Здружението на хотелиери побара субвенции за секој донесен патник од соседните и околните земји со цел да им се помогне на тур-операторите да инвестираат во туристички чартер летови со кои би ја зголемиле посетеноста на гостите од овие земји.

Според туристичките работници, ефектот од субвенционирањето од 2011 година наваму покажал многу позитивни резултати.

Иако протекционистичката политика во земјоделието во глобални рамки е неопходна и вообичаена, па така и кај нас, се чини дека нашите земјоделци се задоволни со одреден надомест од државата и не покажуваат сериозни амбиции да се совладува пазарот со сопствени сили и зголемена продуктивност, посочува професор Борис Анакиев. Во таа насока како што додава, постојат неколку несовладани лекции.

„Најголем проблем кај нашето земјоделство генерално е оситниот посед, кајшто нема рационално користење на механизацијата и на средствата за производство. А, штом не можете да воведете современа технологија, не можете да имате високи приноси, конкурентни приноси“, вели Анакиев.

Повеќето од земјоделците произведуваат само за сопствени потреби поради неразвиената индустрија. Не е решен проблемот со наводнувањето и не се искористуваат сите можности за многу поголемо производство и доход на земјоделците. За да се подобри продуктивноста а земјоделството да се потпира на сопствените сили потребна е перманентна едукација и стратегија која ќе ја прават стручни лица што сеуште не е случај кај нас, потенцира професор Анакиев.

XS
SM
MD
LG