Достапни линкови

Подмладената кошаркарска репрезентација во борба за ЕП


Дарко Соколов, кошаркар.
Дарко Соколов, кошаркар.

Селекторот Александар Џикиќ нема да може да смета на досега незаменливите Антиќ, Гечевски, Илиевски, Мекејлеб, Чековски и Самарџиски, па носители на играта ќе бидат близнаците Војдан и Дамјан Стојановски, Соколов, Костоски и Трајковски.

Со реновиран состав и нов селектор, македонската кошаркарска репрезентација на 10-ти август ќе ги стартува квалификациите за Европското првенство (во 2015-та година).

Во оваа екипа нема многу талент, како што имаше во претходните генерации, меѓутоа има еден борбен дух и еден колектив, така што тоа ќе биде наше главно оружје за квалификациите.
Александар Костоски, кошаркар.

Кошаркарската репрезентација на Македонија.
Кошаркарската репрезентација на Македонија.

Во оваа кампања, селекторот Александар Џикиќ нема да може да смета на досега незаменливите Антиќ, Гечевски, Илиевски, Мекејлеб, Чековски и Самарџиски, па носители на играта ќе бидат близнаците Војдан и Дамјан Стојановски, Соколов, Костоски, Трајковски... Тие, засилени со новиот натурализиран Американец Ричард Хендрикс и со неколкутемина дебитанти, ќе се сретнат со нови улоги, од оние кои што ги имале во репрезентацијата, но и во своите клубови.

Екипата е доста променета и подмладена за разлика од минатите години. Има доста нови играчи во тимот, но сите се желни за докажување, да го дадат својот максимум за да се постигне што е можно попозитивен резултат.
Дарко Соколов, кошаркар.

Тоа неискуство ќе ни биде хендикеп во августовските двомечи со Белгија, Белорусија и со Данска, што не значи и дека сме без адути во битката за четврт едноподруго пласман на Еуро. Напротив, според Александар Костоски кај кошаркарите постои голема желба.

„Во оваа екипа нема многу талент, како што имаше во претходните генерации, меѓутоа има еден борбен дух и еден колектив, така што тоа ќе биде наше главно оружје за квалификациите. Мислам дека пред сè многу е важно што има позитивна атмосфера, што има хемија меѓу нас и што сме свесни за ситуацијата во којашто се наоѓаме и се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на ЕП“, изјави Костоски.

Надежите дека ќе извадиме виза за ЕП како први, или како една од шесте второпласирани селекции во седумте квалификациски групи, ги зголемува и напредокот во играта во подготвителниот период (5 победи во 7 контролни средби). Тоа, дополнето со желбата за докажување, ветува дека формата ќе го достигне врвот во најзначајниот момент, пред дуелот со Белгија, в недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, смета Дарко Соколов.

„Екипата е доста променета и подмладена за разлика од минатите години. Има доста нови играчи во тимот, но сите се желни за докажување, да го дадат својот максимум за да се постигне што е можно попозитивен резултат. Формата на играчите оди во една нагорна линија и на првиот натпревар од квалификациите против Белгија се надеваме дека ќе бидеме во најдобра форма, бидејќи, според мене, тој натпревар е одлучувачки. Со победа над Белгија мислам дека после патот ќе биде полесен и дека ќе успееме да се пласираме на ЕП 2015“, рече Соколов.

Без потценување за Белорусија и за Данска, и Костоски смета дека победникот во групата ќе го решат нашите пресметки со Белгија. Тоа значи дека на 10-ти август мора да забележиме победа, за што неопходна ќе биде и голема поддршка од трибините.

„Пред сè очекуваме полна сала како што било досега и традиција кога играла македонската репрезентација, огромна поддршка од трибините. Наше е да дадеме сè од себе и верувам селекторот многу добро ја познава својата работа, ќе се подготвиме многу добро и тактички, така што мислам дека мотивацијата и желбата на тој натпревар ќе одлучат кој ќе победи. Кај нас мотивација и желба сигурно ќе има многу голема и се надевам дека со една добра тактика ќе успееме да ги победиме. И доколку оствариме победа на тој натпревар, мислам дека голем дел од работата ќе биде целосно и завршена“, додаде Костоски.

Кога се во прашање натпреварите од квалификациската група Д, по стартниот дуел со Белгија, македонскиот национален тим ќе ги одигра трите средби на гостински терен (Данска - 13.08., Белорусија - 16.08. и Белгија на 20-ти август), а во последните две кола во Скопје ќе ги одмериме силите со Данска (24.08.) и со Белорусија (27. август).

XS
SM
MD
LG