Достапни линкови

Казахстан со план за заштита на економијата од санкциите против Русија


Владата на Казахстан изготвила план за спречување на можните ефекти врз домашната економија од санкциите на Западот против Русија. Планот бил изготвен на барање на претседателот Нурсултан Назарбаев, а ќе стапи во сила од септември. Детали од планот не се објавени.

Министерот за економија Ерболат Досаев изјави дека Владата работи на адаптирање на економијата и бизнисот според условите од Евро-азијската економска унија, која ќе почне да функционира од јануари, наредната година. Во неа се Казахстан, Русија и Белорусија.

XS
SM
MD
LG