Достапни линкови

Руски хакери украле 1,2 милијарди пасворди


Руска група хакирала 1,2 милијарди кориснички имиња и пасворди на повеќе од 500 милиони електронски адреси, наведува американсаката фирма за откривање на сајбер прекршувања Холд Секјурити. Компанијата овој напад врз корисничките податоци го опишува како најголем досега. Оваа копманија тврди дека се украдени информации од повеќе од 400 илјади интернет страници на поголеми меѓународни компании. Холд Секјурити наведува дека цел на хакерите не биле само големите компании туку и сите интернет страници кои ги посетиле корисниците на тие компании.

XS
SM
MD
LG