Достапни линкови

ОН го осудуваат исламското прогонство на ирачките малцинства


Советот за безбедност на ОН го осуди прогонувањето и убиствата на религиозните малцинства во Ирак од екстремната Исламска држава и предупреди дека тие би можело да бидат одговорни за злосторства против човештвото. Советот ја осуди Исалмската држава за напади и убиства врз малцинствата, вклучувајќи ги и христијаните, како и Ирачаните кои се противат на нивната екстремистичка идеологија. Исламската држава окупираше големи делови од северниот и западниот дел на Ирак минатиот месец. Исламската држава издаде ултиматум до десетици илјади Јазиди,кои следат древна религија, да преминат во ислам,или дека во спротивно ќе бидат протерани или убиени.Слична закана имаше и за христијаните во Мосул .

XS
SM
MD
LG