Достапни линкови

Годишнина од атомската бомба врз Хирошима


Јапонија ја одбележува 69-годишнината од атомската бомба во Хирошима, која доведе до крај на учеството на Јапонија во Втората светска војна. На церемонијата во паркот на мирот во градот, градоначалникот Kазуми Матсиу ги повика американскиот претседател Барак Обама и другите светски лидери да ја посетат Хирошима за да ги видат штетите што ги остави бомбата. Околу 45.000 луѓе присуствуваа на церемонијата во близина на епицентарот на експлозијата во 1945 кога загинаа околу 140.000 луѓе. Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека како единствена земјата што се соочила нуклеарен напад, Јапонија има обврска да бара да се елиминира нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG