Достапни линкови

Во Каиро преговори за траен прекин на огнот во Газа


Израелски и палестински делегации се во Каиро на разговори со цел обезбедување траен прекин на огнот во појасот Газа. САД вчера објавија дека најверојатно ќе учествуваат во разговорите, заедно со претставниците на ОН. Во Палестинската делегација се вклучени и членови на Хамас и Исламски џихад. Меѓу најистакнатите палестинските барања за постигнување договор за подолг прекин на огнот е укинување на Израелската блокада на Газа. Израел е заинтересиран за демилитаризација на појасот Газа, откако беа уништени околу 3.000 палестински ракети и 32 тунели. Тридневното примирјето меѓу израелските и палестинските сили е на сила од вчера и се совпадна со повлекувањето на израелските сили од појасот Газа.

XS
SM
MD
LG