Достапни линкови

logo-print

Американски генерал загина во нападот на воена база во Авганистан


Пентагон потврди дека лицето кое загина во Авганистан за време на напад на воена база е американски генерал. Во нападот беа повредени и 14 лица, кога еден маж облечен во авганистанска воена униформа отвори оган врз припадници на НАТО силите во воена база.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди нападот на воената база во земјата и го опиша како акт на непријателите кои не сакаат Авганистанците да имаат силни институции. НАТО соопшти дека го истражува инцидентот.

XS
SM
MD
LG