Достапни линкови

Карзаи го осуди нападот на воената база во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди нападот на воената база во земјата и го опиша како акт на непријателите кои не сакаат Авганистанците да имаат силни институции. Најмалку едно лице загина, а 14 беа повредени кога еден маж облечен во авганистанска воена униформа отвори оган врз припадници на НАТО силите во воена база. НАТО соопшти дека го истражува инцидентот.

XS
SM
MD
LG