Достапни линкови

logo-print

Авганистан-Еден загинат, 14 повредени во напад на воена база


Авганистански војници

Авганистански војници

Најмалку едно лице загинало, а 14 биле повредени кога еден маж облечен во авганистанска воена униформа отворил оган врз припадници на НАТО силите во воена база. Германската војска соопшти дека бил убиен војник на НАТО, а медиумите јавија дека се работи за Американец.

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека биле повредени и три нивни војници. НАТО соопшти дека го истражува инцидентот во кој биле инволвирани и авганистанските и странските сили во тренинг базата која се наоѓа западно од Кабул.

XS
SM
MD
LG