Достапни линкови

Патнички авион слетал во придружба на воен авион во Манчестер


Илустрација

Илустрација

Патнички авион на Катар Ервејвс слетал во Манчестер во придружба на британски воен авион, откако пилотот пријавил сомнителна направа. Британското министерство за одбрана соопшти дека воениот авион бил веднаш активиран со цел да го истражи патничкиот авион откако пилотот побарал помош.

Полицијата соопшти дека авионот слетал и дека се справуваат со ситуацијата, која претставува изолиран инцидент. Според полицијата, едно лице било притворено. На патниците им било дозволено да го напуштат авионот, а аеродромот продолжил нормално да функционира.

XS
SM
MD
LG