Достапни линкови

Формирана бугарската техничка влада


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска ја именува новата техничка влада на Бугарија. Владата ќе раководи со земјата до завршувањето на предвремените парламентарни избори предвидени закажани за во октомври.

За премиер е именуван Георги Близнашки, а владата ќе има четворица вицепремиери. Екатерина Захариева ќе биде вицепремиер за економска политика и министер за регионален развој и министер за инвестиционо проектирање, Јордан Христосков вицепремиер за социјална политика и министер за труд и социјална политика, Христо Иванов е вицепремиер за правда, внатрешни работи и безбедност и министер за правда, додека Илијана Цанова е вицепремиер задолжен за управување со средствата од ЕУ. Според Плевнелиев, секој од избраните има докажан углед и успех постигнат со лични квалитети и сопствен труд.

XS
SM
MD
LG