Достапни линкови

ОН-285 илјади луѓе ја напуштиле Украина


Жител на Украина во бегалски камп во Русија

Жител на Украина во бегалски камп во Русија

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека околу 285 илјади луѓе ги напуштиле своите домови поради конфликтот во источна Украина. Директорот на УНЦХР Винсент Кошетел изјави дека украинските власти досега регистрирале 117 илјади луѓе кои од источниот дел на земјата се преселиле во други региони во Украина. Но, според него бројката е поголема, бидејќи многу од нив не се регистрирале за да избегнат да бидат регрутирани во украинската војска.

Тој наведе дека околу 168 илјади Украинци аплицирале за азил во Русија. Кошетел нагласи и дека според руските власти 730 илјади луѓе ја напуштиле Украина и заминале за Русија. Тој додаде дека верува оти бројката е веродостојна.

XS
SM
MD
LG